Претседателот на СДСМ Зоран Заев на прес-конференција по полноќ изјави дека во Македонија мора да има и ќе има слободни, фер и демократски избори.
– На фер избори СДСМ ќе ја преземе одговорноста којашто ќе и ја дадат граѓаните. Промените доаѓаат на слободни, фер и демократски избори, на коишто ќе победат граѓаните, СДСМ и европските вредности, рече Заев.
Тој смета дека мора да се избере нова влада, со полн легитимитет, за решавање на, како што рече, сериозните проблеми и враќање на Македонија на европскиот пат.
– Потврдата од ЕУ и САД, меѓународните гаранти на Договорот од Пржино дека не се исполнети условите за фер избори и одложената одлука за Резолуцијата во Европскиот Парламент покажуваат колку само слободните избори се значајни за иднината на Македонија, истакна Заев.
Според него, изборите треба да бидат со прочистен избирачки список и реформи за слободни медиуми на кои сите граѓани и партии слободно ќе учествуваат.
– Со кршење на Договорот од Пржино, одбивање на реформите за слободни медиуми и прочистувањето на Избирачкиот список, ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да ја втурнат Македонија во драматична криза, додаде Заев, истакнувајќи дека „ништо повеќе не зависи од Никола Груевски“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Зелените партии со најголеми изборни победи во Западна Европа викендов