В четврток, на 25 февруари со почеток во 21 часот, во Младинскиот културен центар – Скопје, ќе се одржи промоција на „Продавачот и ветар и магла и други приказни“ од Стефан Марковски.
За збирката на Марковски, Р. Кошка ќе напише: „Со дискретен хумор внимателно избалансиран со придушена меланхолија, авторот од навидум реални настани од секојдневието, преку оригинална наративна техника незабележливо преминува кон сложено метафорично заокружување на расказот“.
За „Продавачот на ветар и магла и други приказни“ Марковски е добитник на наградата „Македонска книжевна авангарда“ на Издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата „Македонија Презент“ во 2015-та.
Стефан Марковски (1990) е македонски писател, поет и филозоф, автор на книгите: „Еднонасочно“ (роман, 2009), „Апеирон“ (поезија, 2010), „За некои спомени на онаа некогашност“ (поезија, 2010), „Хиерархиска еволуција на свеста“ (Психологија и теорија на ум, 2012), „Мета(де)конструкција и општа филозофија“ (Филозофија, 2012), „Среќата е глагол“ (Психологија и филозофија, 2013), „Продавачот на ветар и магла и други приказни“ (Раскази и драмски текст, 2015), „In Nomine“ (поезија, 2016).
Дипломирал на Катедрата за Општа и компаративна книжевност при Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“ и е апсолвент на Институтот за Филозофија на Филозофскиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Марковски е актуелен постдипломец на Факултетот за Драмски Уметности – насока Филмско и ТВ сценарио.
Член е на Друштвото на писатели на Македонија.
Промотор на книгата ќе биде проф. д-р Васил Тоциновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст