Еден човек од Њујорк заминал во пензија . Сакал својата заштеда мудро да ја искористи и решил да купи куќа и неколку хектари земја во Португалија.
Скромната фарма била празна 15 години. Сопственикот и неговата жена починале, а имотот никој не го наследил бидејќи немале потомство ниту блиски роднини. Куќата била продадена за да се плати порезот на државата. Имало неколку заинтересирани купувачи, но големиот амбар кој се наоѓал на имотот бил затворен со железна врата. Никој ен сакал да има дополнителни трошоци за да види што се крие во стариот амбар, а ниту самиот имот не бил многу привлечен. Така што никој и не дал понуда за тоа место.
Човек од Њујорк го купил имотот по половина цена, се преселил и се подготвувал да го урне целиот амбар. Тој и неговата сопруга ја купиле целата можна опрема за да ја исечат вратата и видат што се крие во стариот амбар.
Што нашол внатре?
Фиат кабриолет, Форд Кортина МК, Мерцедес Бенс 180/190, Лотус Супер 7, Лотус Ела ФХЦ, Опел ГТ, Алфа Бертоне, некои предвоени работи, Аустин А40 Спмерсет и голем број на стари автомобили кои донеле цело богатство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.