Го слушнав предмалку Зоран Заев како вели дека ништо веќе не зависи од Никола Груевски. Со тоа самиот призна дека се создадени сите услови за да се оди на 5 јуни на избори. Затоа Заев, ајде собери храброст и соочи се со народот наместо да се обиколуваш со луѓе кои ти аплаудираат за се и се пресреќни што само за еден месец се пролонгирале изборите и големиот пораз кој ве чека – изјави вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ; Никола Груевски по одлуката распуштањето на парламентот да се одложи за 7 април, а изборите наместо на 24 април да се одржат на 5 јуни,
– Ја слушнав предмалку и реториката на СДСМ во парламентот.Со очаен обид да покажат некаков триумфализам кажувајќи дека ова било нов пораз на Никола Груевски. Јас им порачувам – до 5 јуни можете да зборите и да глумите се, па дури и победници. На 5 јуни ќе се срамите од самите себе, на 5 јуни ќе видите кој е победникот и кој е поразениот. И сегашната вештачка насмевка нагло ќе ја загубите. Велам вештачка насмевка затоа што по објавената проценка на САД и ЕУ колку и да беше таа политичка одлука без аргументи СДСМ единствениот спас го гледаа во поинаква СДСМ единствениот спас го чекаа во поинаква наша одлука од оваа која вечерва ја донесовме. Сега и тоа го загубија.- додаде Груевски.
На крај посочи:
А на 5-ти јуни, ќе видат кој победува, а кој губи. Излегле или не на избори, ќе видат што е референдумско гласање за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија, како политичка гарнитура која најенергично и најодговорно се бори за македонскиот народ и сите граѓани на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата