| четврток, 6 декември 2018 |

Изменета Одлуката за распуштање на Парламентот на 24 февруари, распуштање на 7 април

sdsm go napusta sobranieto (3)

Собранието на Република Македонија ја поништи Одлуката за распуштање на Парламентот на 24 февруари. Вечерва со само три гласа против и 83 гласа „за“ беше донесена одлука дека Собранието продолжува со работа.

Одлуката е предложена од пратениците од ДУИ и ДПА, а потпишана и од пратеничката Лилјана Поповска.

Со одлуката се предвидува менување на членот 2 од веќе донесената одлука Парламентот да се распушти на 24 февруари и се бара тој датум да биде 7 април оваа година.

Доколку се земе предвид дека Парламентот се распушта 60 дена пред одржување на изборите, предвремените парламентарни избори треба да се одржат на 5 јуни.

Пратениците на СДСМ не гласаа. Пратеникот од СДСМ Горан Сугарески посочи дека не гласале поради тоа што не е постигнат договор за медиумите.

-Без прочистен список и без регулација на медиумите не може да има кредибилни избори Не гласавме за одлуката за распуштање, нема ни за оваа одлука да гласаме – рече Сугаревски.

Илија Димовски одговори дека единствен срам за политичар е да бега од избори.

-Се радувате зошто бегате од избори. Алал ви вера. Од народот нема да избегате Со вас или без вас народот а 5.јуни ќе го избере новото Собрание – рече Димовски.

Седницата ќе продолжи за 40-ина минути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top