| четврток, 6 декември 2018 |

На која возраст се случува најдобриот секс во животот?

Истражувањето спроведено на платформата „Хапифи“ имало задача да открие во кои години луѓето го достигнуваат својот сексуален потенцијал.

seks-foto-shutterstock-1456167188-80844

И додека некои сметаат   дека тоа се дваесеттите години, истражувањето донесе многу поинаков заклучок. Сосема е веројатно дека сè уште не сто го доживеале вашиот најдобар секс!

Имено, лицата што учествувале во истражувањето на старост од 50 и 60 години, откриле дека најдобриот секс го доживеале во четириесеттите, поточно во 46. година од животот.

Постарите лица, кои имаат редовни сексуални односи, се посреќни, се наведува во заклучоците.

zavodenje-1453579923-78234

Типичните Американци имаат сексуални односи два до трипати во месецот, а истражувањето покажало дека лица во постара животна доба кои имаат почести сексуални односи се посреќни во однос  на тие што поретко се впуштаат во сексуални игри. Исто така, дури 50 отсто од двојките кажале дека најдобриот секс во животот го доживеале со нивниот моментен партнер.

zavodenje-foto-shutterstock-1455973359-80682

Значи, ако се наближувате кон 46. година од вашиот живот, мудро одберете го вашиот љубовни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top