| четврток, 6 декември 2018 |

Штипјанец се заби во метален столб

Вчера во 11.40 часот на магистралниот пат Велес-Штипска се случи сообраќајна незгода во која И.Р. (53) од штипско с. Ново Село, управувајќи „форд фокус“ со штипски регистарски ознаки, загубил контрола над возилото и удрил во метален столб.

Во незгодата  И.Р. се здобил со тешка телесна повреда (потрес на мозок), по што е пренесен во штипската клиничка болница, каде што му е укажана лекарска помош и е задржан на натамошно лекување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top