СВР-Скопје поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(38) од Скопје осомничен дека извршил кривично дело „разбојништво“ за што од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.
Пријавениот разбојништвото го извршил на 20.02.2016 година околу 20.00 часот на улица „Васил Ѓоргов“ поточно во обложувалница „Спорт лајф“ лоцирана во ТЦ Капиштец, на тој начин што откако маскиран со фантомка и вооружен со пиштол влегол во обложувалницата им се заканил на вработената и на уште едно лице кое било присутно во објектот и побарал да му ги даде парите. Откако таа му ги дала парите од фиоките, тој ги ставил во кеса и го напуштил објектот упатувајќи се кон трговскиот центар „Беверли Хилс“. Лицето што било затекнато во објектот веднаш излегло по пријавениот следејќи го и видел како влегол во такси-возило по што веднаш излегол, бидејќи истото најверојатно било зафатено. Се обидел да сопре друго патничко моторно возило кое го управувало женско лице, но откако и во тој обид не успеал, застанал на средината на улицата и запрел возило марка „форд ескорд“ со скопски регистерски ознаки, влегол во него и седнал на совозачкото седиште по што го замолил возачот да го однесе побрзо до Карпош 4 под изговор дека го нападнале три лица и истиот го однел до бараното место и го оставил.
Лицето што било присутно во објектот, соопшти денеска МВР, веднаш го пријавил настанот во СВР Скопје и околу 22.00 часот од страна на ЕПОИ Алфа на улица „Бојмија“ сопрен е возачот на возилото „форд фокус“ кој го превезувал пријавениот и тој бил приведен во ПС ОН Центар каде бил извршен разговор, а возилото со потврда било одземено.
Од страна на полициски службеници по преземени оперативни мерки и активности бил утврден идентитетот на пријавениот по што истиот бил приведен од страна на ЕПОИ Алфа на ул.„Цветан Димов“. Со него бил извршен разговор во ПС ОН Центар во кој истиот го признал кривично дело и во целост го појаснил начинот на извршување. С.Ѓ. во разговорот појаснил дека откако се симнал од возилото се упатил на ул.„Разловечко Востание“ каде престојувал под кирија. Се пресоблекол го оставил пиштолот, а со себе ја зел ќесата со парите и плетената капа фантомка и се упатил кон населба Чаир каде што по кратко време бил приведен. Во моментот на приведување ќесата со парите наводно ја фрлил, а додека фантомката успеал да ја сокрие под совозачкото седиште во возилото од ЕПОИ Алфа со кое и бил доведен во ПС Центар.
На 21.02.2016 година по претходна судска наредба е извршен претрес во домот на пријавениот каде што привремено престојувал и биле пронајдени и одземени еден пиштол од марката „екол специјал“ 99 со една рамка и 17 парчиња муниција 9 мм, еден пиштол марка „вамиро“ 8 мм и една празна рамка за истиот кои се предадени на вештачење, еден контакт клуч за возило, како и облека и обувки Во ПС ОН Бит-пазар било извршено препознавање и од страна на оштетената истиот бил препознаен како сторител на кривичното дело.
С.Ѓ. е познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти за што од страна на СВР Скопје во временскиот период од 1998 до 1999 година му биле поднесени три кривични пријави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


