Претпладнево состојбата во ПТЦ Гевгелија е мирна. Во моментот во кампот нема бегалци, тој е празен откако последната група од 733 мигранти од Сирија и Ирак синоќа беа транспортирани кон Табановце, соопштија од регионалниот центар за управување со кризи од Гевгелија.
Протокот на мигрантите е побавен и од грчка страна каде што,исто така, се применуваат построги критериуми за идентификација, а според слободна проценка на просторот кај Идомени во близина на котата 59 се наоѓаат три до четири илјади мигранти кои чекаат влез во Македонија. Патот кон земјите на ЕУ ќе можат да го продолжат само мигрантите што доаѓаат од Сирија и од Ирак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти