| четврток, 6 декември 2018 |

Италија дозволи полет на авион од Сицилија за мисии против ИД

авион

Италијанските власти дозволија американско вооружено беспилотно летало да користи база во Сицилија за полети во мисии против милитантите од џихадистичката група Исламска држава (ИД) во Либија и во други делови на северна Африка, соопшти денеска претставник на италијанското Министерство за одбрана.

Како што јави ФЕНА, тој додаде дека договорот опфаќа само одбранбени мисии со цел да се заштитат специјалните силе, а не и офанзиви. Одлуката следи по едногодишните преговори меѓу Вашингтон и Рим и во ек на растечката загриженост дека екстремистите се повеќе ги засилуваат своите позиции во Либија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top