Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, започнува со организирање серија настани посветени на светската книжевност, во рамки на планираните програмски активности за популаризација на книгата.
Првиот културен настан од серијата „Денови на светската книжевност“, е организран во соработка со Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, е насловен „Празникот на пролетта во кинеската книжевност“ и ќе се одржи на 24 февруари (среда) со почеток во 12 часот, во Центарот за конференции и студии во НУБ.
Осврт за значењето на овој празник и антологиските поетски творби инспирирани од него ќе има Игор Радев. Најважниот и најдолгиот традиционален празник во Кина е Празникот на пролетта, односно кинеската Нова годинa, којa се одбележува во континуитет веќе 4000 години. Овој семеен празник трае 15 дена и датумите на кои се одбележува се менуваат секоја година согласно лунарниот календар. Оваа година Новата година започна на 8 февруари, а одблежувањето заврши со Празникот на фенерите на 22 февруари. Г
енерации поети и писатели во своите дела ги имаат опеано и овековачено обичаите, обредите и симболите поврзани со овој празник. Големата полна месечина чиј сјај е засилен од светлината на фенерите на последниот ден на овој празник е важен мотив во лирските творби на многу значајни кинески поети.
Сите љубители на пишаниот збор кои ќе присуствуваат на овој настан ќе можат да ги разгледаат и да ги купат книгите од кинеските великани преведени на македонски јазик, објавени во рамки на капиталните издавачки проекти „Превод на дела од автори кои добиле Нобелова награда за литература“ и „Ѕвезди на светската книжевност“.
Во текот на целата 2016 година во НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје континуирано ќе се промовираат и презентираат публикации од македонската тековна и актуелна книжна продукција и од капиталните издавачки проекти, а ќе се организираат и книжевни средби, трибини и придружни манифестации со цел афирмирање и поттикнување на читањето и привлекување читатели од различни генерации.
Планираните програмски активности се во функција на популаризација на македонската книжевност и на преводите од светската книжевност, на богатата и разновидна издавачка продукција во Република Македонија и на новите публикации, како од афирмирани и етаблирани писатели, така и од млади автори.
– Библиотеката исто така ќе биде отворена за македонските автори од сите генерации кои имаат објавено книжевни дела со високи естетски вредности, ќе им овозможи бесплатно користење на просторот и на потребната придружна опрема, со што ќе им биде дадена шанса за себепромовирање и остварување средби со љубителите на нивните книжевни дела и заинтересираните читатели, информираат од НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст