| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарскиот премиер добил писмо со куршум и смртни закани

борисов

Премиерот на Бугарија Бојко Борисов примил смртни закани, но вели дека не е загрижен и дека тоа се случува поради неговата борба против корупцијата и криумчарењето.

На адресата на канцекаријата на владата стигна анонимно писмо со фотографија на Борисов, куршум и заканувачка порака, јавија бугарските медиуми.

Канцеларијата за соработка со медиумите на бугарската влада потврди дека постои заканувачко писмо, но не сакаше понатаму да коментира, пренесува Ројтерс.

Борисов минатата недела откажа неколку поголеми јавни настани од различни причини, напоменува агенцијата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top