Нов пункт на Итната медицинска помош (ИМП) од 1 март ќе почне да работи во рамки на амбуланта во општина Петровец. Ќе работи 24 часа секој ден, ќе има доктор, сестра и возач, кои ќе бидат задолжени како тим да одговараат на повиците и ќе покрива повеќе од 30.000 жители, со што се очекува драстично намалување на времето на одговор на повик на ИМП.
Новиот пункт на ИМП во Петровец е дел од планот за отворање дистални пунктови со цел подостапни здравствени услуги до граѓаните, како и скратување на просечното време потребно за интервенција.
Пунктот денеска го посети министерот за здравство Никола Тодоров, кој изјави дека ова е уште еден дополнителен бенефит за жителите од општина Петровец, но и за жителите од сите околни општини, што исто така, според него, ќе помогне не само за намалување на времето за одговор на повик, туку ќе помогне и за растеретување на здравствените установи во Скопје.
– Отпочнуваме со реализација на она што го најавивме, а тоа е силно зајакнување на ИМП преку силен фокус на Министерството за здравство на ИМП во Скопје, рече Тодоров.
Појасни дека двојно ги зголемуваат капацитетите на ИМП во Скопје односно ако имало 25 тимови на ИМП во Скопје, сега преку прием на нови доктори, сестри и возачи, овозможуваат во градот двојно да се зголеми тој број и наместо 25 тимови да има 50 тимови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст