
Со последниот натпревар во Серија А лигата меѓу Наполи и Милан што ќе се одигра вечерва со почеток од 21 часот на „Сан Паоло“ во Неапол ќе се заокружи 26.коло.
Тимот на Мауирицио Сари има идеална шанса да се врати на врвот на табелата по ремито на Јувентус во Болоња. Сепак, тренерот на Милан, Синиша Михајловиќ смета дека неговиот тим многу созреал во последниот период, додавајќи дека Наполи се плаши од „росонерите“ во пресрет на ова дерби.
– Знам дека Наполи има повторно можност да се врати на врвот на Серија А, и сигурно е дека атосферата на стадионот ќе биде неверојатна. Мојата екипа во последниот период многу созреа, и Наполи се плаши од нас. Го променивме системот на игра, и тоа доведе до подобри резултати. Ова е сосема различен Милан од тој што изгуби од Наполи со 0-4 во првиот натпревар. Ќе биде тежок натпревар, но, ние ќе се обидеме да го изненадиме противникот. Не смееме да примиме погодок, а ќе се обидеме со брз контранапад да го нанесеме нашиот удар – изјави Михајловиќ.
Милан моментално се наоѓа на шестата позиција со 43 бодови, додека пак Наполи е на второто место со 56 освоени бодови, два помалку од лидерот Јувентус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


