Изградбата на зградата на некогашната Учителска школа, која целосно беше уништена за време на катастрофалниот земјотрес во 1963 година, проект кој неодамна го најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, ги развесели старите скопјани кои се сеќаваат на таа интересна стара градба во срцето на Дебар Маало.
Според најавите на лидерот на владејачката партија, реизградбата на некогашната учителска школа е планирано да се опфати во програмата за инфрастурктурни инвестиции на МОН и Министерството за култура во 2017 година. Во неа ќе биде сместена некоја од државните високообразовни установи, која во моментот нема свои простории.
Урната со градска одлука, Зградата на Учителската школа потекнува од 19 век, кога познатиот скопски валија Хафиз Мехмед-паша ја изградил како средно училиште „Идадија“. Подоцна оваа зграда била пренаменета во Учителска школа. Како таква ја затекнале поплавите на Вардар во 1935 и 1962 година, а нејзиното најголемо оштетување се случило за време на катастрофалниот земјотрес во 1963 година. По оштетувањето во земјотресот, градските власти одлучиле да ја урнат. Столбовите од порталот се оставени за да сведочат за големите поплави во Скопје во 1935 и во 1962 година, бидејќи на еден од нив има две црти што го означуваат нивото на водата во поплавите. Порталот на старата учителска школа со мали реставраторски интервенции се наоѓа во дворот на општина Центар. Таму, најчести посетители сега се младенците, кои застануваат и се фотографираат пред него откако ќе се венчаат во матичната служба, која е во непосредна близина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст