Обвиненијата продолжуваат и сега побрутални од било кога.
Војин Ражнатовиќ на неговиот профил на Фејсбук споделил дек од книгата која наскоро ќе го заинтригира целиот регионот но и светот.
Делот е полн со обвиненија на сметка на неговата маќеа, фолк дивата Цеца Ражанатовиќ.
Обвиненијата се доста сериозни, а поврзани се со улогата на Цеца во криминални дејства.
Што е вистината, времето ќе покаже, Впрочем, ова и не е прав пат Војин да изнесе скандалозни обвиненија на сметка на Цеца.
-Во самата хиерархија на Земунскиот Клан, Цеца имаше доста важна улога. Таа не беше само миленичка или маскота како што се претпоставуваше. Нејзината улога беше од клучна важност. Таа беше мамка за повеќе милионски киднапирања и уценувања. Во тоа време, таа беше во врска со познат српски кошаркар кој играше во НБА лигата, а неколку пати го посети и во Калифорнија каде тој играше. Планот беше да го намами да дојде во Белград, каде членовите на Земунскиот клан би го киднапирале и би изнудиле 10 милиони долари. Таа пропагираше да се киднапира човек кој со години и доаѓаше дома и ден денес е успешен бизнисмен и сопственик на една од најпознатите телевизија во Србија – пишува во постото на Војин објавен на Фејсбук.
Војин напиша дека ова е дел од неговата книга „Приказни за мојата маќеа“ која ќе се најде во продажба ширум регионот на 14.06.2016 година.
Во меѓувреме синот на Цеца токму поп објавувањето на овој пост од страна на неговиот полубрат Војин реши да го изгаси својот налог на социјалната мрежа Инстаграм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.