Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск соопшти дека договорот за останување на Велика Британија во ЕУ добил едногласна поддршка од лидерите на 28-те членки на Унијата.
– Договорено е. Едногласна поддршка за новиот договор за Британија во ЕУ, напиша Туск синоќа на Твитер.
Британскиот премиер Дејвид Камерон истакна дека договорот и овозможува на Британија специјален статус во ЕУ и денеска ќе побара од неговата Влада да го прифати.
Договорот предвидува два клучни елемента, кои ќе бидат вметнати во идните договори на ЕУ: специјално изземање на Британија од натамошна политичка интеграција внатре во Унијата и обезбедување фер третман во врска со финансиските и економските ангажмани меѓу земјите од еврозоната и членките на ЕУ, кои се надвор од неа.
Освен тоа, Британија ќе има право на работниците кои ќе дојдат да работат во оваа земја да им ги одземе во првите четири години социјалната помош и бенифициите, додека сами не придонесат за финансирање на системот.
Туск оцени дека станува збор за избалансиран и фер компромис, кој сите можат да го прифатат.
– Европските лидери се договорија за праведен компромис со британскиот премиер, благодарение на кој тој ќе може да агитира во својата земја за останување на велика Британија во Унијата, изјави германската канцеларка Ангела Меркел.
Таа нагласи дека членството во ЕУ претставува огромна вредност, особено во време на турбуленции и небезбедност во светот, посакувајчи му успешна кампања на камерон во следните месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст