Бамбусот е идеално растение за подобрување на фенг шуи во вашиот дом. Се верува дека е растение на среќата затоа што во себе ги содржи петте елементи: дрво, земја, вода, оган и метал.
Бамбусот е одличен и како подарок, бидејќи како што веруваат Јапонците, тој е симбол на посветеноста и искереноста.
Во домот тој е симбол на долговечноста и на доброто здравје.
Според јапонското верување два бамбуса се симбол на љубовта и среќата во бракот, три се чуваат за среќа, пет за здравје, а осум за богатство.
Најдобро место за чување на бaмбусот е правецот на истокот или југоистокот. Исто така, исклучително корисно е да се смести во работна соба, канцеларија или во близина на место каде што се чуваат пари.
Бамбусот, не бара многу внимание, па затоа е одличен за луѓе кои се зафатени. Бамбусот дава многу, без многу нега и внимание. Една од причините поради кој е популарен е лесното одржување. Не бара голема количина на светлина и не треба директно да биде изложен на сончеви зраци. За негово одржување е доволен сад со вода, а може да се одгледуваат и во земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст