Вчеравечер во 21.00 часот во СВР Охрид дошла Љ.К. (54) од Битола и пријавила дека лично самата се обидела да ги опожари становите на нејзиниот син З.К. (30) од Битола, лоцирани на ул. „Момчило Јорданоски“ во Охрид и на ул. „Питу Гули“ во Битола.
Пожарите биле изгаснати од страна на ТППЕ-Битола, односно ТППЕ-Охрид. Увид извршиле екипи од ОКТУПА при СВР-Битола и ОКТУПА-Охрид.
Притоа било утврдено дека во станот во Битола целосно се изгорени аголна гарнитура за седење и тепих во дневната соба, тепих во ходник, а оштетена и опожарена е целата покуќнина во кујната, трпезаријата, дневната соба и во спалната соба. Додека, пак, во станот во Охрид опожарен бил двоседот, а од пламенот бил оштетен и телевизорот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст