Австрија вчера го отфрли предупредувањето на европскиот комесар за миграција Димитрис Аврамопулос дека одлуката на Виена за дневно ограничување на бројот на прифатени бегалци е во спротивност со законите на ЕУ.
Министерката за внатрешни работи Јоана Микл Лајтнер рекла дека од утре како што е и планирано Австрија ќе почне да го ограничува влезот на мигрантите на нејзина територија на 80 баратели на азил на ден и 3.200 за транзит. Таа исто така рекла дека претходната германска одлуката за воведување на ограничување е легална и „секако истото важи и за Австрија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.