Кај пушачите ризикот од депресија или анксиозност е 70 проценти поголем, откри новата студија.
Научниците тврдат дека запирањето на цигарите може да им помогне на луѓето да ги надминат овие проблеми и да се подобри менталното здравје.
Во истражувањето учествувале 6.500 лица над 40-годишна возраст. Тоа покажа дека 18,3 проценти од пушачите страдаат од депресија и анксиозност, во споредба со 10 шроценти непушачи и 11,3 проценти поранешни пушачи. Групата на поранешните пушачи вклучува лица што не запалиле цигара повеќе од една година.
Стручњаците тврдат дека смирувачката цигара е заблуда.
Пушачите мислат дека пушењето ги смирува, но во реалноста само ја засилува анксиозноста и тензијата. Кога ќе запалат цигара, тие, всушност, привремено го блокираат стресот предизвикан од недостигот од никотин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.