Во Скопје ќе се градат шест функционални и подвижни бини со цел зголемување на културната и забавната понуда на младите. Ќе бидат опфатени плоштадите: „Македонија“, „Филип Втори“, „Мајка Тереза“, „Пресвета Богородица“, кој за месец-два ќе биде целосно завршен, плоштадот „Скендербег“ и плоштадот „ВМРО“ – најави Никола Груевски, претседател на ВМРО ДПМНЕ најавувајќи еден од седумте нови проекти за младите.
Тој нагласува дека во согласност со планот за активности на надлежните институции, на овие места ќе има најмалку двапати неделно различни младински настани од културен, едукативен, концертен карактер.
-Ќе се потрудиме да има речиси секој ден во различно време настани на сите овие плоштади користејќи ги овие бини. До самите бини ќе има донесена електрична инсталација за да можат да бидат приклучени сите електрични уреди кои се потребни за тие кои ќе прават одреден настан на самата бина. Нивната функција ќе биде анимација на младите и овозможување на корисен простор и збиралиште на младите. Бините ќе бидат монтажни, подвижни и соодветно декоративно уредени во просторот. Првите две бини ќе бидат поставени оваа година, на плоштадот ВМРО ако успешно се завршат подготовките ќе биде готов мај-јуни, а втората на плоштадот „Мајка Тереза“, најдоцна до крајот на оваа година. Потоа во периодот што следува ќе се постават и преостанатите четири бини – рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст