Во Скопје ќе се отвора специјализирана национална математичка гимназија, најави Никола Груевски, претседател на владејачката партија ВМРО ДПМНЕ, кој денеска најави нови проекти што ќе им бидат од корист на младите во Македонија.
Математичката гимназија ќе биде сместена во Скопје и ќе има ограничен број места во секоја учебна година. По подготовките и ангажирањето на стручен кадар ќе биде отворена во 2017 година, а ќе има и кампус за учениците што ќе имаат потреба за сместување, а ќе има и можност за дисперзирани студии во други градови.
Гимназијата ќе биде опремена со компјутерски лаборатории за изучување математика и други сродни области, а ќе се изучува и напредна математика.
-Никогаш математиката сама за себе не била цел туку суштинска алатка за постигнување други цели и отворање значителни можности. По примерот на многу земји, предвидуваме отворање специјализирана национална математичка гимназија, која ќе нуди образование по посебни наставни планови и програми креирани и одобрени од Бирото за развивање на образованието и со поддршка од Природно-математичкиот факултет и МАНУ, кои ќе бидат дел од вонредниот наставен кадар и поддршка на редовниот – истакна тој.
Влогот во математичките познавања како основа на речиси сите природни науки придонесува кон продуцирање кадри со изразени когнитивни способности, информатичко-аналитички вештини, логичко размислување и решавање предизвици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии