Со задоволство денеска, заедно со министерот за здравство, сум тука за да го одбележиме завршувањето на реконструкцијата на првата фаза од оваа болница, односно на првиот објект во кој инвестиравме 1,1 милион евра, изјави премиерот Никола Груевски при посетата на психијатриската болница во Бардовци.
– Реконструкцијата продолжува на уште два објекта и вкупно ќе чини 2,5 милиона евра, а веќе вториот објект е во фаза на реконструкција. Реконструкцијата е темелна и, како што можевте да забележите, се работи за комплетно реконструиран објект и со комплетно нов мебел и сè што е потребно за оваа болница – рече Груевски.
Тој изјави дека првичните проценки за реконструкција на овие болници биле околу 100 милиони евра, но потоа Груевски рече дека планот бил променет, со што таа инвестиција ќе се искачи на околу 120 милиони евра. Поради негативните коментари од ЕУ за условите во овие болници, Груевски истакна дека се преземени мерки со што се инвестирале средства со кои темелно се реконструира психијатриската болница во Бардовци.
– Можам да кажам дека ова е дел од големиот проект за реконструкција и градба на нови болници во Македонија. Ова е првата фаза во која се или ќе се инвестираат вкупно 25 милиони евра, заедно со градбата на новиот Клинички центар и реконструкцијата на трите згради кои ќе останат во склопот на Клиничкиот центар, како и градбата на новата болница во Штип, со што севкупната инвестиција ќе достигне околу 120 милиони евра – истакна Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии