| четврток, 6 декември 2018 |

Се ближи ли крајот на светот? Исламска држава дојде до нуклеарно оружје

Исламска држава дојде до радиоактивен амтеријал кој е украден во Ирак во ноември, минатата година, објави британскиот весник „Мирор“.

Материјалот се наоѓа во заштитена кутија со големина на лаптоп, а исчезна од скалдот во околината на Басра. Некои стручњаци сметаат дека тој опасен материјал завршил во рацете на терористите на Исламска држава и дека тие со негова помош можат да направат смртоносно оружје.

Инаку, Исламска држава и порано соопштуваше дека има доволни количества радиоактивен материјал за да може да ја направи т.н. „нечиста“ бомба, односно експлозив кој може да расее радиоактивен материјал по голема површина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top