| четврток, 6 декември 2018 |

Сезонскиот грип и респираторните инфекции ги полнат амбулантите

Повеќе од сто пациенти дневно се прегледуваат во амбулантите на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Најголем број се грипозни и со останати респираторни инфекции. Висока температура, вкочанетост и малаксаност се најчестите симптоми на кои се жалат. Најголема мешаница во оваа установа имаат за време на викенд кога во чекалните има од од бебиња до старци. Потешките случаи лекарите ги задржуваат на болничко лекување.

-Имаме од сите симптоматологии. И со грип, респираторни, варичела. Има и потешки случаи со бронхопневмонии, но тие се секундарни случаи – вели д-р Сања Маринковиќ од Клиниката за инфективни болести.

Според евиденцијата од Институтот за јавно здравје, изминатиот период е зголемен бројот на грипозни кај училишната популација. Но засега се уште нема поголеми отсуства на ученици. Уште на почетокот на сезоната, од Министерството за здравство поделиле тамифлу до надлежните центри.

-Тамифлу добиваат тие со тешка симптоматологија, како и ризичната група на пациенти кои се со намален имунитет – вели Маринковиќ

Во неколку градови во државата центрите за јавно здравје бележат драстично зголемување на болни со грип. Таков е примерот со Кавадарци каде само за една недела имаат над 300 грипозни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top