| четврток, 6 декември 2018 |

Доделување уверенија на петтата генерација кандидати за судии и обвинители

akademija pavel satev

Во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ денеска ќе бидат доделени уверенијата на петтата генерација на кандидатите за судии и јавни обвинители.

На доделувањето на уверенијата ќе се обратат директорката на Академијата, Анета Арнаудовска, претседател на Судскиот совет на Република Македонија, Бранко Ушковски и претседателот на Советот на јавните обвинители на Република Македонија, Петар Аневски.

На свечената церемонија ќе присуствуваат и претставници на правосудството во Република Македонија, како и на странски партнери со кои Академијата соработува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top