| четврток, 6 декември 2018 |

Нови најави за инвестиции од автомобилскиот сектор во САД

детроитМакедонија како интересна дестинација за инвестирање беше претставена на  Светскиот конгрес за автомобилска индустрија, САЕ 2013, кој од 16 до денеска се одржа во американскиот град Детроит. Според претставници на Дирекцијата на технолошко-индустриски развојни зони, кои беа изложувачи на овој настан, конгресот претставува најважен глобален собир на производители на возила, автомобилски компоненти  и набавувачи во автомобилската индустрија и претставува одлична можност за остварување средби со нови компании и запознавање со светските трендови во овој сектор. Свои штандови имаа најголемите производители на автомобили Генерал Моторс, Форд, Нисан, Хјундаи, Хонда, Крајслер, потоа Делфи, Зетеф, Денсо, Магна, Џонсон Контролс и многу други. Како и Македонија, промоција на можности за инвестирање направија и Канада, Италија, Јужна Кореа, Хонг Конг и неколку држави на САД. Како резултат на изложувањето, остварени се контакти и средби со компании кои инвестирале или истакнуваат интерес за инвестирање и во моментов вршат анализи на инвестициските можности во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top