Средношколци физички се пресметале во училиште во Македонски Брод. Тепачката ја почнале двајца, а потоа се приклучиле и други.
Полицијата јави дека вчера околу 12.35 часот во Македонски Брод, во ходникот од средното училиште „Свети Наум Охридски“, за време на одморот, Е.Д.(16) од село Пласница, Кичевско му упатил навредливи зборови на Ј.П.(16) од село Бело Поле, Прилепско, по што настанала тепачка меѓу нив, во која се вклучиле Е.Л.(17) и Д.П.(18), брат на Ј.П., разменувајќи си удари со тупаници по лицата.
По преземените мерки, за учесниците во нарушувањето е поднесено барање за поведување прекршочна постапка за прекршок учество во тепачка по член 11 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.