Од денеска почна да се реконструира велосипедската патека на булевар „Јане Сандански“, што е дел од втората рута од капиталниот проект за подобрување на велосипедската инфраструктура во главниот град „Скопје Велоград 2014-2017“.
Рутата 2 од овој проект е со вкупна должина од 11 километри и таа ги поврзува општина Аеродром, преку општините Центар и Карпош, до општина Ѓорче Петров. Таа ги опфаќа булеварите „Февруарски поход“, „Видое Смилевски Бато“, „Јане Сандански“, „Кузман Јосифовски Питу“, „Кеј 13 Ноември“, Плоштад „Македонија“, булевар „ВМРО“ и „Партизански одреди“ до Порта Влае. По булеварите, велосипедските патеки ќе бидат од двете страни, додека од Кеј 13 Ноември до бул. „ВМРО“ патеката ќе биде од една страна и ќе биде двонасочна.
– Со овој проект ќе се добијат квалитетни велосипедски патеки, обележани со стандардизирана јасна и видлива хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација и ќе бидат изработени од асфалт. Спуштањата на раскрсниците ќе бидат изведени од рампи, додека по должината на патеките ќе бидат поставени заштитни столбчиња. Исто така, ќе се дислоцираат сите пречки на велосипедските патеки како што се билборди, канделабри, контејнери, сообраќајни знаци и сл. Со реализацијата на овој проект ќе се овозможи жителите на Скопје непречено да го користат велосипедот како рекреативно и транспортно средство, со што ќе се растовари сообраќајот и позитивно ќе се влијае на животната средина – рече скопскиот градоначалникот Трајановски.
Во втората рута од овој проект се предвидува реконструкција на постојните велоиспедски патеки на булеварите „Јане Сандански“, „Кузман Јосифовски Питу“, „ВМРО“ и „Партизански Одреди“, додека на булеварите „Февруарски Поход“, „Видое Смилевски Бато“ и Кеј „13 Ноември“ ќе се градат нови велосипедски патеки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст