Најверојатна причина за пожарот што избувна претпладне на фасадата на зградата на ЕВН Македонија, според генералниот директор Штефан Петер, бил огнот од апарати за заварување.
– За причините на пожарот треба да се почека конечниот извештај, но очевидци дадоа изјави дека истовреме со изградбата на фасадата имало и заварување така што најверојатно причината била отворениот оган од апаратите за заварување, изјави Петер, одговарајќи на новинарски прашања по презентацијата на резултатите од истражувањето за бизнис климата во Македонија.
Најважно, како што рече, е што немаше повредени лица, и има само мали оштетувања.
– Херои на денот се пожарникарите и луѓето кои работат таму бидејќи тие одговорија и делуваа за неколку минути беа на лице место и да не беше така не знам што ќе се случеше. Моја искрена благодарност и честитки до вашите пожарни служби, рече Петер.
Во гаснењето на пожарот што избувна пред десет часот изутрина во зградата на ЕЛЕМ и ЕВН Македонија во центарот на Скопје противпожарните екипи интервенираа со шест возила и со водени топови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст