| четврток, 6 декември 2018 |

Ексцентрично како и секогаш – голема фотогалерија од „Греми 2016“

Педесет и осмото издание на наградите „Греми“ му припадна на најголемиот победник на овогодишното доделување, на раперот од Лос Анџелес, Кендрик Ламар.

И пред почетокот на официјалниот дел на шоуто, Ламар доби четири награди и тоа за најдобра рап-изведба, најдобра рап-песна, најдобра испеана (рап) соработка, а неговата соработка со Тејлор Свифт доби и грамофон за најдобар спот. Ајс Кјуб и неговиот син ја доделуваа наградата во категоријата најдобар рап-албум, која исто така му припадна на Кендрик.

Сепак, наградата за албум на годината не заврши во неговите раце, туку грамофонот го доби Тејлор Свифт. Таа ја доби и наградата за најдобар вокален поп-албум за „1989“.

За песна на годината е избрана „Thinking Out Loud“ на Ед Ширан, а за најдобар музички филм избран е „Ејми“, документарен филм за починатата Ејми Вајнхаус.

На доделувањето, Лејди Гага му оддаде почит на Дејвид Боуви, која испеа неколку од неговите најголеми хитови, а на „Let`s Dance“ на сцената ѝ се придружи и Нил Роџерс, кој  ја продуцирал оваа песна.

Фото: ЕПА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top