| четврток, 6 декември 2018 |

Биди матурантка на „Јуник“ – моден настан во Скопје

unigueЦентарот за убавина „Јуник“ (Unique) в сабота, со почеток од 14 часот, организира отворање на модниот настан Биди Unique матурантка“. На настанот ќе бидат претставени модни креации на реномирани македонски модни дизајнери, Ненад Сeкирарски, Маја Кикириткова, Олгица Ѓеоргиева, Александра Митковска, Бобан Илиевски и тимот на „Лудус ловс фешн“ (Ludus Loves Fashion).

Модните креации на познатите дизајнери ќе бидат изложени во Центарот за убавина „Јуник“ и понудени за продажба, а дел од нив ќе бидат претставени и на организираната модна ревија со моделите од „Моделс ин“.

– Матурските прослави се моменти на кои сите ние со задоволство се сеќаваме. Токму затоа оваа година центарот за убавина „Јуник“ одлучи да им помогне на матурантите што сакаат да заблескаат на својата матурска вечер. Поканивме реномирани македонски дизајнери да креираат парчиња облека специјално наменети за новата генерација матуранти, а тие со задоволство ја прифатија нашата идеја и се согласија своите креации да ги понудат по исклучително поволни цени. Во оваа пригода ги покануваме и заинтересираните матуранти да ни се приклучат в сабота на заедничка модна забава и уживање – изјавија од „Јуник“.

За матурантите што ќе одлучат да купат некоја од понудените креации во периодот од 20 до 30 април ќе биде обезбеден попуст од 15 проценти на цената на креацијата и бесплатна професионална шминка или професионален манакир по избор во центарот за убавина „Јуник“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top