| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајден мртов маж во Куманово

Маж на околу шеесетгодишна возраст е пронајден мртов на излез од населбата Средорек, во Куманово, во стари урнатини спроти Спомен Костурница, јавуваат кумановските портали.

Според неофицијални информации лицето го пронашле деца од населбата Средорек кои играле на местото.

Човекот бил облечен во работнички алишта без обувки на нозете. Од кумановското јавно обвинителство велат дека на телото нема траги од насилство, но увидот се уште трае.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top