| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија на автосаем во Детроит

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони учествува на светскиот конгрес за автомобилска индустрија SAE 2013 кој се одржува од 16-18 април 2013 година во Детроит, САД. Овој меѓународен настан е еден од најголемите собири од автомобилската индустрија на кој секоја година присуствуваат повеќе од 10 илјади учесници од преку 50 земји во светот.

Конгресот претставува најважен глобален собир на производители на возила, автомобилски компоненти  и добавувачи во автомобилската индустрија и претставува одлична можност за остварување средби со нови компании и запознавање со светските трендови во овој сектор.Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони како изложувач се претстави со свој штанд на овој настан. Преку директни средби и презентации пред претставници на компаниите, тимот на Дирекцијата за ТИРЗ заедно со економскиот  промотор во Детроит ги претставија инвестициските можности на Република  Македонија  во  автомобилската индустрија, како и успешно реализираните инвестиции досега.

На конгресот со свои штандови беа претставени најголемите производители на автомобили во светот General Motors, Ford, Nissan, Hyundai,Honda, Chrysler, како и глобални производители на компоненти како Delphi, ZF, Denso, Magna, Johnson Controls и многу други.

Покрај Македонија, промоција на можности за инвестирање во своите земји направија и Канада, Италија, Јужна Кореа, Хонг Конг и неколку држави на САД.

Во рамките на посетата беа остварени контакти и follow- up средби со компании кои инвестирале или истакнуваат интерес за инвестирање и во моментов вршат анализи на инвестициските можности во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top