Седиштето на францускиот лидер на супермаркети „Карфур“ во Маси во парискиот регион било посетено од страна на Генералната дирекција за конкуренција, потрошувачка и за репресија на злоупотребата, јави дописникот на МИА од Париз.
Претресот, кој бил извршен на 9 февруари, се однесувал на илегалните комерцијални практики на „Карфур“ и тие воопшто не се однесуваат на проблемите што ги има францускиот синџир супермаркети во Македонија.
Имено, повеќе снабдувачи на „Карфур“ му забележуваат дека пред преговорите за 2016 година им наметнувал попуст, чијшто износ бил значителен.
„Карфур“ Франција го потврди претресот појаснувајќи дека групата „ќе извлече поука и ќе преземе соодветни мерки“, ако се покажат некои пропусти.
Претресот се случил кога Владата е во преговори со големите групи супермаркети, со цел да се наведат да ја преиспитаат нивната политика на утврдување на цените кај нивните снабдувачи, посебно земјоделските производители, кои се ставени во опасност поради многу ниските цени. Имено, од 20 јануари земјоделските производители протестираат редовно низ цела Франција поради многу ниските откупни цени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст