Во воздушните напади на северот од Сирија погодена е болница што работела со поддршка на „Лекари без граници“, изјави денеска портпаролката на оваа хуманитарна организација, Мирела Ходеиб.
Според неа, нема потврда за евентуални жртви од нападот врз болницата во градот Марет ал-Нуман, во провинцијата Идлиб, пренесуваат американските медиуми.
Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, меѓутоа, тврди дека нападите ги извеле руските авиони и дека болницата е уништена како и дека девет лица се загинати, а повеќе ранети, наведуваат француските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.