| четврток, 6 декември 2018 |

20 aктери кои Академијата не ги сака – дали е можно сѐ уште да немаат „Оскар“?

Некои ќе кажат дека целосно е неважен, а други сепак му придаваат големо значење. Вистината како и обично е некаде во средина, а Оскарот за најдобар глумец и глумица во никој случај не е пресуден, но наспроти негодувањето на филмофилите, се уште е најважна награда која глумица или глумец може да ја добие. И тоа нема наскоро да се промени.

Во неделите пред доделувањето, се се погласни тие кои сметаат дека е неправда што Леонардо Ди Каприо се уште полицата не ја украсил со златната статуетка.

Неправда или не, Лео има импресивна филмографија и тоа никој не може да му го одземе, ниту пак Оскарот ќе биде нешто повеќе од украс. Но, се работи за импресивен украс.

Поради тоа, се одлучивме да провериме кои глумечки големини не добиле Оскар до сега. Некои се номинирани, но наспроти тоа што многумина ќе заклучат дека и да се биде номиниран е повеќе од доволна потврда за квалитетите, разочараните лица на глумците кои не добиле прилика да го прочитаат својот говор со пофалби, е доволен доказ дека тоа сепак не е така.

20. Миа Фароу

rosemarys-baby-haircut

Нејзината кариера трае повеќе од 50 години и е една од најпрепознатливите глумици на сите времиња, а многумина сметаат дека само врз основа на она што го покажала во филмовите на Вуди Ален можела да добие барем неколку Оскари.

Секако, за тие филмови добивала и многу номинации, но Академијата никогаш не покажала преголем интерес за нејзините глумечки потфати. Како што поминувало времето, улогите станувале се послаби, последната забележана улога била во филмот „Дарк Хорс‟, а глумата со време излегла од фокусот.

Но, тоа што останува е нејзината незаборавна Розмари Вудхаус во филмот „Розмариното бебе‟ која заслужи барем номинација.

19. Сер Иан Мекелен

thequint-2015-08-432f5ae3-b801-4e40-9687-11aff165ac2d-Ian McKellen. (Photo Courtesy - The Globe) (1)

Некои за неправда го сметаат фактот дека Мекелен во 1999 година не освои Оскар за најдобар глумец за улогата на Џемс Вејли во „Богови и Чудовишта‟. Други пак сметаат дека Оскарот требало да заврши во рацете на Едвард Нортон за „Американ Хистори Х‟, а трети дека тоа е Ник Нолт за одличниот „Афликтион‟.

А се сеќавате ли на незаборавната улога на Џим Бродбент од филмот „Ирис‟? Веројатно не, но сите на планетава го памтат Гандалф на Мекелен кој истата година исто така беше номиниран за Оскар, но овој пат во категорија на најдобар спореден глумец.

Како и да било, Мекелен е легенда, а со Оскар или без него, се надеваме дека уште долго ќе уживаме во неговата одлична глума… И другарувањето со Патрик Стјуард.

18. Анџела Басет

AMERICAN HORROR STORY -- "Mommy" Episode 503 (Airs Wednesday, October 21, 10:00 pm/ep) Pictured: Angela Bassett as Ramona. CR: Suzanne Tenner/FX

Анџела Басет денес се појавува во секакви улоги, но неверојатно е дека наспроти некои криминално лоши филмови се уште не забораваме дека се работи за квалитетна глумица на која навистина и недостасува добра улога.

Улогата како таа на Тина Тарнер за која во 1994 година беше номинирана во категорија за најдобра глумица. Додуша, ако продолжи да се појавува во филмови како што се „Лондон хес фолен‟ со Џерард Батлер и некои други не толку добри акциони филмови, би можеле да се изначекаме за добра улога.

17. Бред Пит

Brad-Pitt-fight-club-body

Ако сте го гледале „Калифорнија‟, знаете две работи: Џулиет Луис е одлична глумица и Бред Пит не е само уште еден холивудски убавец. Додуша, секоја негова улога не е оскаровски материјал, но Пит константно е на место.

Тоа што во овој случај не интересира се моментите во кои отскокнува, а тоа без дилеми се улогите во филмовите како што се „Седум‟, „Клуб на борци‟, „12 Мајмуни‟ или „Манибол‟, а за последните две улоги е номиниран.

Сепак, засега може да се пофали само со Оскар за „12 Години Робство‟, кој го продуцираше, но има време. Наполни 52 години, а изгледа како да има 35.

16. Алфре Вудврд

alfre_07022016_press

Да се набројат сите номинации и награди кои Алфре Вудард ги собрала во својата кариера, е многу тешка задача, но тоа што го знаеме е дека годините кога била номинирана за улогата Гече во филмот „Крос Криг‟, конкуренцијата била немилосрдна, а наградата на крај ја освоила Линда Хант.

Дали е важен Оскарот? Никако. Во текот на годините имала далеку подобри улоги, а тоа што го остварила на филмот, телевизијата и во театарот, е сон на секоја глумица.

Многумина често ја занемаруваат зборувајќи за најдобрите глумици, но неправедно, бидејќи се работи за голема професионалка која од 70-тите успешно функционира во било кој жанр и некој ќе каже дека во оваа фаза заслужува награда за животно дело поради богатиот опус.

15. Том Круз

my-dreams-are-a-cruel-joke

Том Круз има навика да се појавува во одлични филмови, да одработи врвна работа и по сето тоа да заврши во категоријата со Даниел Деј Луис, кој токму иста година се одлучи да го сними „Моето лево стопало‟ и да биде најубедливото хендикепирано лице во вселената или со Џефри Раш во шизофренија на животот „Шајн‟.

Третата прилика се појави во категоријата на спореден глумец за одлична работа која ја одработил во „Магнолија‟ во која убедливо беше најдобар, но… Мајкл Кејн.

Круз можеби е луд саентолог во чиј поглед гледате психопатска амбиција со која прикрива неверојатна празнина, но во исто време е и апсолутен професионалец и веруваме дека кога тогаш ќе добие Оскар.

Откако доволно ќе остаре и ќе престане да снима акциони филмови во кои „томкрузовски‟ трча.

14. Емили Ватсон

10271634_ori

Вториот филм на Емили Ватсон беше „Брејкинг д Вејвс‟ (иако всушност е прв, бидејќи тоа претходно беше телевизиски), а ако сте имале можност да го погледнете ова ремек дело на Ларс вон Триер, веројатно ви е јасно што се може Емили Ватсон и за каков талент зборуваме. Не е претерано да се каже дека за секој филм во кој се појавила е номинирана за некоја награда, па всушност е само прашање на време кога ќе се појави во улога за која наградата нема да и ја одземе колешката која таа година се одлучи на филм да биде погрда од нормално, или да има некоја неизлечива болест. И држиме среќа, бидејќи Емили е сила.

13. Ед Харис

ed-harris-black-hat

Ед Харис глуми и изгледа како некој кој веќе освоил многу Оскари. Меѓутоа, факт е дека не освоил, а се трудел многу.

„Шоуто на Труман‟, „Полок‟ и „Часови‟ се три филма во кои се појави и за кои е номиниран, а во неговата филмографија можете да најдете уште најмалку десет филмови во кои бил оскаровски одличен.

Можеби не е по сечиј вкус, но Ед Харис е секогаш на ниво на задачите и ја има таа „олд скул‟ фаца какви инаку ги гледаме во филмовите од 70-тите години. Но, иако 70 е просечна старост на членовите на Академијата, Ед Харис се уште не може да се пофали со Оскар. А годините си поминуваат.

12. Мишел Фајфер

b18ef26ba9af639ce1003320d1db6526

„Проблемот‟ на Мишел Фајфер е што е секси, што била секс симбол на 80-тите и тоа што во најголем број на случаи сме свињи кои не знаат да прејдат преку тоа и да го препознаат нејзиниот неверојатен глумечки талент.

„Лице со лузна‟, „Омажена за мафијата‟, „Опасни врски‟, „Фантастичните браќа Бејкерс‟. „Љубовно поле‟ и улогата на жена мачка во вториот Бетмен за која заслужува Оскар во непостоечка категорија „Најдобра глумица која засекогаш приватизирала одредена улога и по која друга глумица нема шанси‟.

Накусо, фантастична глумица за што доволно зборуваат 34 номинации и 23 освоени награди.

11. Ричард Гир

gere-puppy

Ричард Гир можеби не е ваш омилен глумец, но тој е институција. Можеби не ви е драг како Мишел Фајфер, но има ист проблем бидејќи и на стари денови во прв ред го доживуваме како згоден, а дури потоа како глумец.

„Дејс оф хевн‟ на Теренс Малик, „Интернешенал афеарс‟, „Арбитраж‟, „Чикаго‟ или „Д Хоакс‟ се само некои филмови во кои одработил фантастична глума, а земете предвид дека не ги наведовме класиците според кои го знаеме.

Вистина, нареди и секакви будалаштини, но нема кој не знае за Гир.

10. Хелена Бонем Картер

307545-zero

Дури два пати Оскарот и избега пред носот на оваа одлична британска глумица. Прво за главната улога во „Д Вингс оф д дов‟, а потоа и за споредната улога во филмот „Д кинг оф спич‟. Можеме без проблем да наведеме уште најмалку пет филмови во кои била одлична, а ни еден од нив не е „Фајт Клаб‟ во кој исто така е генијална.

Е сега, улогите на Црвена кралица или добра самовила не се материјал за Оскар, но тие како што се Едит Њу, или Елизабет Тејлор (Бартон и Тејлор) би можеле да бидат. На крај на краиштата, 78 номинации и 42 награди? Тоа е за респект.

9. Жоакин Феникс

10269170_ori

Иако има лице на сериски убиец кој крие 30 трупови во напуштена куќа, Жоакин е глумечка легенда. Фактот дека Академијата не го наградила ни за тоа што го направи во „Гладијатор‟, ниту за улогата на Кеш во „Валк д Лајн‟, ниту за „Д Мастер‟ (кој веројатно ви е досаден, но сте се преправале дека ви е супер фантазија од филм), докажува дека нешто не е во ред.

ОК, не докажува ништо освен дека Феникс е одличен глумец и дека е неважно дали Академијата некогаш ќе го надмине стравот од неговиот застрашувачки поглед.

Следниот проект е „Фар брајт стар‟ со Кејси Афлек, а ако го имаме на ум тоа што го изведоа со „Ај ем стил хиар‟, никој не е сигурен што да очекува.

8. Лора Лини

The Big C image  Laura Linney

Да замислевме квиз во кој едно од прашањата би било „Колку Оскари освоила Лора Лини‟, веројатно не би сте биле сигурни дали се работи за два или три Оскари, но одговорот е ниту еден, а тоа не би го земале предвид, сигурно.

Но, тој одговор е точен наспроти податокот дека е номинирана за „Ју кен каунт он ми‟, „Кинси‟, „Д Севиџис‟, улоги во кои беше одлична.

Кога на тоа ќе ги додадеме „Шоуто на Труман‟, „Мјузик ривер‟, „Д Сквид енд д веил‟ или нејзините улоги во сериите како што се „Џон Адамс‟ и „Д биг С‟, почнувате да се прашувате дали е се во ред со податоците на ИМБД.

7. Ралф Фајнс

22_top25greatestvillains

Уште еден глумец од категоријата „се обложувам во 1000 денари дека добил Оскар за улогата на нацистичкиот лудак во Шиндлеровата листа или барем за филмот Англиски пациент‟, но би изгубиле пари, бидејќи Ралф има 32 награди и ниту една не е Оскар.

Со Оскар или без него, овој глумец е брилијантен дури и во споредни улоги, а зад себе има улога поради која генерацијата клинци и вечните клинци ќе го памтат – улогата на Волдеморт која исто така ја одработи многу впечатливо.

И можеби никогаш нема да биде симпатичен, но Оскар секако заслужува.

6. Виола Дејвис

2161374

Ако во 2012 година имаше правдина, Виола Дејвис не би била на листата туку на сите ќе им мавнеше со Оскар за улогата во „Помош‟ и ќе продолжеше генијална во секоја улога во која ќе се појави.

Секако, секогаш ќе постојат такви кои би забележале дека уште една црна глумица зема Оскар за улога на слугинка, но така тоа обично оди, или слугинка, или робинка или ништо.

Главно, таа година Мерил Стрип била номинирана по 1001 пат за улогата на Маргарет Тачер во под просечен гњавеж наречен „Железната дама‟, а Академијата се испра така што на Октавија Спенсер и даде награда за најдобра споредна глумица во „Д Хелп‟. Но, 2016 е повторно добра година за Дејвис која ќе се појави во филмот „Кастиди‟, но и во мега блокбастерот „Самоубиствен одред‟ за кој нема да собере награди туку симпатии од љубителите на супер-јуначките филмови.

5. Едвард Нортон

Edward-Norton-American-Hist

Нортон го прогласуваа за „Де Ниро од неговата генерација‟. Меѓутоа, таа приказна малку се разводни и всушност никогаш не добивме потврда во вид на награда. Далеку од тоа дека Нортон не е глумец коj се уште воодушевува (неодамна тоа беше Брдман), но се чини дека Академијата се уште не е подготвена да му ја додели наградата.

Откако воодушеви во фантастичната улога во просечниот трилер „Основен страв‟, се знаеше дека го има „тоа нешто‟ и тогаш за првпат беше номиниран. Две години подоцна сите беа воодушевени од улогата во филмот „Американска историја Х‟, а малку кој се сеќава дека „Брдман‟ му донесе и трета номинација.

За следната прилика малку ќе почекаме бидејќи Нортон оваа година нема во план премногу глумечки амбициозни проекти.

4. Анет Бенинг

Annette-Bening-Net-Worth

Нема да се чудиме, но Анет Бенинг… Навистина?!?

Воодушеви во „Д Грифтерс‟, рушеше во „Американска убавина‟, беше подобра од филмот во „Да се биде Џулија‟ и повторно зачука со многу симпатичниот „Д кидс ар олрајт‟. Константно добра, во главните улоги или како дел од ансамбл, а дали во 2016 ќе биде година кога конечно ќе биде препозната, ќе покажат филмовите „Д сеагал‟, „20 Сентури Вомен‟ и амбициозниот проект на Ворен Бити.

3. Роберт Редфорд

Robert_Redford

Роберт Редфорд е поим. Еден од тие глумци чие име ќе го споменете на луѓе кои целосно се незаинтересирани за филм и ќе ви кажат дека Роберт Редфорд е еден од најдобрите глумци на својата генерација.

„Буч Касиди енд Д Санданс Кид‟, „Д Стинг‟ и „Сите луѓе на претседателот‟ се филмови за кои требаше да добие Оскар, но не доби.

Меѓутоа, Роберт Редфорд има Оскар, за режија за филмот „Обични луѓе‟, а иронично е дека има уште една номинација за режија за одличниот „Квиз Шоу‟ и само една за најдобар глумец во „Д Стинг‟.

2. Глен Клоз

glenn4_2137000b

Секој околу Глен Клоз заслужува по три Оскари, бидејќи тоа што таа може да го направи со еден поглед, многу глумици и глумци не се во состојба да го направат во цела кариера.

Дежурната холивудска „луда‟ и „ладна кучка‟ е задолжителна школа на глумата. Дури и ако филмот воопшто не е добар, треба да се гледа само да видите што таа може да направи. Значи, толку е добра во тоа што го прави, што од карикатура во детскиот филм „101 Далматинец‟ направи една од улогите на кариерата, а тоа што го правеше во серијата „Демиџис‟ требаше да се предава на актерските академии во светот. Но, што се однесува до Оскарот… се уште ништо. Иако ја номинираа шест пати (The World According to Garp, The Big Chill, The Natural, Fatal Attraction, Dangerous Liaisons и од критичарите закопаниот Albert Nobbs).

1. Гери Олдман

The-Professional-Oldman

Ова е листа на која редоследот не е премногу важен. Сите овие се глумци кои заслужуваат награда и 100 златни статуетки, но за крај сепак ја оставивме најголемата холивудска мистерија – Гери Олдман.

На страна тоа што го сакавме во секоја улога од Сид Викус, Дрексел Спивеј, па се до Џорџ Смајли, Олдман е еден од тие глумци кој го препознава и индустријата, бидејќи нема глумец постар од 25 години кој нема да го наведе како пример или барем да го вброи во топ три на сите времиња.

Накусо, Даниел Деј Луис и Гери Олдман се модерни категории за себе, со тоа дека Олдман во филмографијата има повеќе незаборавни ликови. Дури, ги памтиме и неговите циркуски улоги, а тоа што го направи со улогата на Џеки Фленери во „Стејт оф Грејс‟ задолжителна е лекција за секој млад британски глумец.

Токму затоа е тотално бизарно и непоимливо што Академијата не ја искористи секоја втора прилика да го награди или барем да го номинира и да го претвори во машка Мерил Стрип.

Извор: Индекс.хр

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top