Изложба на уметнички дела од современи европски уметници вечер ќе биде отворена во Инфо-центарот на ЕУ во Скопје.
Поставката „Магијата на модрата планина“ претставува серијал од три изложби, на кои ќе бидат претставени дела од 18 современи европски уметници, кои од 2003 до 2015 година твореа во рамките на уметничката резиденција „Арт Поинт – Гумно“, лоцирана во село Слоештица, сместено во подножјето на Плакенска Планина.
Организатори се Делегацијата на ЕУ во Скопје и Меѓународниот центар за уметност и одржлив развој „Арт Поинт – Гумно“ од село Слоештица, Демир Хисар.
На отворањето на изложбата ќе се обратат Мартин Клауке, раководител на Секторот за соработка на делегацијата на ЕУ, холандскиот амбасадор Вилем Ваутер Пломп и Сергеј Андреевски, куратор на изложбата и претставник на „Арт Поинт – Гумно“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст