| четврток, 6 декември 2018 |

САД бараат Турција да прекине со нападите врз сириските Курди

state
САД побраа од Турција да прекине со нападите врз позициите на силите на партијата на сириските Курди, Демократската унија, во провинцијата Алепо во северниот дел на Сирија.

– Загрижени сме поради состојбата северно од (градот) Алепо и работиме на деескалација на тензиите во сите правци, изјави доцна синоќа портпаролот на Стејт депертментот, Џон Кирби.

Кирби нагласи дека Вашингтон побарал од Турција „да прекине со нападите и со артилерискиот оган“.

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу вчера се закани дека Турција би можела да преземе воена операција против борците на Демократската унија, која Анкара ја смета за терористичка организација поврзана со Курдската работничка партија (ПКК), по што се огласи Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, кој соопшти дека турската армија извршила напади врз реони во северната сириска провинција Алепо, кои се под контрола на силите на сириските Курди.

Нападите подоцна ги потврди и самиот Давутоглу, кој рече дека турските сили ги гаѓале борците на Демокартската унија во северна Сирија и побара од оваа групација „да се повлече од териториите што ги зазеде неодамна“.

Силите на сириските Курди во средата презедоа контрола врз воениот аеродром во градот Муниг, северно од Алепо, од каде ги потиснаа исламистичките бунтовници, кои се борат против сириската Армија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top