| четврток, 6 декември 2018 |

Две тешки кражби во Батинци

Во Полициската станица во Драчево, на 10 февруари е пријавено дека на 09/10.02.2016 година во ОУ„Алија Авдовиќ“ во село Батинци, од страна на непознат сторител била извршена тешка кражба на тој начин што најпрво со погоден предмет сторителот или сторителите делувале на еден од прозорите, влегле внатре, а потоа го отвориле шкафот од каде одзеле 38 лаптоп компјутери, по што го напуштиле местото на настанот стекнувајќи со противправна имотна корист  од околу 190.000 денари. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

krazba vizbegovo

А на 11.02.2016 И.И (61) исто така од скопското село Батинци пријавил дека во временскиот период од 09 до 11.02.2016 година од страна на непознат сторител била извршена тешка кражба во неговата куќа на тој начин што откако се качил на терасата, ја отворил балконската врата, влегол внатре извршил пребарување и одзел пари, околу 5.500 евра, четири златни прстени и четири златни алки, по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 420.000 денари. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top