Околу 21 часот синоќа додека 59-годишната Љ.Т. од Скопје била со нејзините синови со кои одела од Прилеп кон Скопје, со автомобил „мерцедес“ со холандска ознака, пред бензинска ги пресретнал друг автомобил „мерцедес“ со прилепска регистрација, и се паркирало пред нивното возило.
Од возилото излегло машко лице и непозната жена која му се спротиставувала да направи драма. Откако си продолжиле по патот, ги пресретнало комбе кое ги удрило одзади, а потоа се паркирало пред нив и од него излегле насилници кои тргнале кон нив, но еден од синовите на Љ.Т. го свртел возилото кон Прилеп.
За жал, комбето ги престигнало и удрило повторно, по што се превртеле. Насилниците излегле со палки и се приближиле до возилото. Двајцата синови избегале, а мајката која останала сама била нападната. Тие ја тепале по што паднала во безсознание.
Таа била префрлена во Медицинскиот Центар во Прилеп.
Полицијата трага по насилниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


