| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов ќе се обрати на 52. Минхенска безбедносна конференција

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе се обрати на панел – дискусијата „Кон натамошна евроатлантска интеграција на Југоисточна Европа“ во рамки на 52. Минхенска безбедносна конференција.

На панел-дискусијата ќе учествуваат и претседателите на Хрватска и на Словенија, Колинда Грабар Китаровиќ и Борут Пахор и премиерите на Црна Гора и на Косово Мило Ѓукановиќ и Иса Мустафа.

Предвидено е Иванов,  да има повеќе средби со дел од учесниците на собирот, меѓу кои со врховниот командант на НАТО за Европа, генерал Филип Бридлав, со генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер и со помошник државниот секретар на САД, Викторија Нуланд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top