| четврток, 6 декември 2018 |

МЗТ Скопје поразен на гостувањето кај Задар

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром е поразен на гостувањето во Хрватска, кај Задар со 84-72, во воведниот натпревар од 24.коло во АБА лигата.

На средбата одиграна синоќа во задар МЗТ мечот го загуби уште во првото полувреме по кое домашните кошаркари остварија предност до 21 поен разлика 52-31. Недоволна беше добрата игра само во третиот период кој му припадна на МЗТ со 24-13 бидејќи и последниот како и првите два ги добија домашните кошаркари со 19-17.

Иако четорица кошаркари кај МЗТ средбата ја завршија со двоцифрен број на поени сепак тоа не беше доволно да се избегне петнаесетиот пораз сезонава. Најефикасен кај аеродромци беше Ѓорѓе Дреновац со 14 поени, еден повеќе од Љубичкиќ, додека Дамјан Стојановски и Марко Луковиќ постигнаа по 10.

Денеска ќе се играат три средби и тоа: Тајфунот – Партизан, Мега Лекс – Унион Олимпија и Цибона – Крка.

За утре, закажани се дуелите помеѓу, Црвена Звезда – Сутјеска и Цедевита – Металац, а колото ќе биде комплетирано во понеделник со натпреварот Будуќност – Игокеа.

Табела: Будуќност 21-2 (победи-порази), Црвена Звезда 17-6, Цедевита 17-6, Мега 16-7, Задар 11-13, Цибона 10-13, Партизан 10-13, МЗТ Скопје Аеродром 9-15, У. Олимпија 9-14, Игокеа 9-14, Крка 9-14, Металац 9-14, Сутјеска 8-15 и Тајфун 7-16.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top