| четврток, 6 декември 2018 |

Таксистите го блокираа ГП Богородица

Гевгелиските таксисти и приватните автобуски превозници од општинава и денеска од 10 часот го блокираа граничниот премин „Богородица“ за влез и излез од земјата, изразувајќи го на тој начин својот протест што не се вклучени во превозот на мигрантите од ПТЦ Гевгелија до Табановце.

Граничниот премин „Богородица“, како и изминативе денови од почетокот на штрајкот ќе биде под блокада на таксисистите до 12 часот.

Градоначалникот на Гевгелија,Иван Франгов, синоќа остварил средба со претседателите на здруженијата на такси и автобуските превозници од кои кои побарал во интерес на граѓаните да се откажат барем од блокирањето на градот, по што веднаш беше деблокиран ГП „Богородица“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top