| четврток, 6 декември 2018 |

Јанева е диригирана од странски амбасадори и од Заев

katica ambasadoriПолитичкиот аналитичар Александар Пандов во дебатата на ТВ НОВА вели дека се очекувани резултатите од анкетата кои покажаа дека граѓаните немаат доверба во Катица Јанева. Тој вели дека е можно Заев да се има пазарено со материјалите кои нелегално ги поседува.

-Главна материја на Јанева и беа прислушуваните материјали кои требаше да ги поседува само Зоран Заев. Но пред тој да ги предаде, се откри фабриката за афери кога видовме дена и Чауш има 70.000 од тие разговори. Нема да ме чуди ако Заев се има пазарено со тие материјали. Зошто луѓето немаат доверба во Јанева? Јас сум уверен дека таа ниту слушала разговори, ниту тие до неа слушале. Тие се држат само до пакетчињата  кои Заев ги нарекуваше бомби. Тој однесе 6 кутии за чевли таму, а најави 600.000 разговори. Јанева не си ја работи работата, работи тоа што и е диригирано од странски амбасадори и од Зоран Заев. Заев ги најавува работите и се куражи за пред своето членство, рече Пандов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top