Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов на маргините на Минхенската безбедносна конференција, оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Словачка, Мирослав Лајчак.
Биле разменети мислења и информации во однос на актулната бегалска и мигрантска криза, како и за претстојните состаноци на европско ниво на кои ќе се дискутираат актуелните состојби. Во тој контекст, претседателот Иванов и министерот Лајчак се согласија дека потребен сеопфатен европски одговор на кризата.
Двајцата соговорници истакнаа дека бегалската криза е доказ дека Македонија одамна требаше да биде интегрирана во структурите на ЕУ, НАТО и Шенген.
Во однос на стратешките приоритети на нашата држава, претседателот Иванов изрази благодарност за конзистентниот став на Словачка за неопходноста од проширување на државите од Балканот. Нагласи дека е потребен посериозен ангажман од ЕУ и од НАТО за деблокада на европските и евроатлантските интеграции и придвижување на Македонија, со цел стабилен и безбеден регион, а со тоа и стабилна Европа.
Министерот Лајчак посочи дека Словачка добро ги разбира последиците од предолгата статус-кво состојба во интеграциите и дека како и досега Република Македонија може да смета на поддршката од неговата земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево