| четврток, 6 декември 2018 |

Нападнати и ограбени две момчиња на Кејот на Вардар

Вчеравечер во 19.40 часот во Скопје  на ул. „Кеј 13 Ноември“, кај мостот „Гоце Делчев“, четири непознати сторители извршиле разбојништво над две две момчиња (дванаесет и четиринаесет години).

Сторителите им одзеле мобилен телефон и 180 денари со што се стекнале со противправна имотна корист од 14.000 денари.  Додека момчињата се шетале по кејот покрај реката „Вардар“ од зад грб им пришле сторителите и со употреба закана со нож им побарале да извадат сè од џебовите. После настанот сторителите го напуштиле местото.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителит и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top