| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајдено мртво момче во Скопје, покрај телото имало пиштол

Вчера во скопската Итна помош било пријавено дека на улицата „Иван Цанкар“ починало лицето М.А.Б. (23) од струмичкото село Добрејци.

policija lenta_1

Тој бил пронајден од страна на неговиот другар во легната положба на креветот до кој имало траги од крв и повеќе шприцови. До креветот на починатиот бил пронајден и пиштол непозната марка (црна боја) на кој пишувало 9 мм со придушувач на звук.

По наредба на ЈО телото на починатиот е предадено за обдукција. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top