Грчката полиција употреби солзавец за да ги растера земјоделци, кои претпладнево фрлаа камења врз зградата на Министерството за земјоделство во центарот на Атина.
Земјоделците од цела Грција денеска се собираат во Атина на голем протест, кој ќе трае цел ден, а треба да почне денеска попладне.
Со протестот тие го искажуваат своето несогласување со плановите на Владата за зголемување на пензиските придонеси и даноци.
Околу 800 земјоделци од Крит, најголемиот остров во Грција, денеска се судрија со полицајците, кои го обезбедуваат влезот во Министерството за земјоделство, фрлајќи камења и кршејќи ги прозорците.
– Земјоделците се обидоа да ги истуркаат полицајците од пред влезот на Министерството. Полицијата употреби солзавец за да ги запре – изјави официјален претставник на полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре